Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ним, како од раце да им се лизна Правичноста, според која договорот направен помеѓу човек кој ручал добро и човек кој го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, помеѓу богатиот и сиромавиот, помеѓу господарот и робот – не е воопшто ‘договор’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ни се чини умесно, попатно, да се потсетиме на Кропотки- новиот спис Апел до младите [правници].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)