Распнат помеѓу големите идеи за империите и за границите умеејќи да најде излези на хартија, како што често и му велеше Мајка, тој се соочуваше со нивната друга реалност во конкретниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше седнат во фотелјата, помеѓу големата работна маса и креветот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)