Сфатив дека нашата персонална „реалност” е мошне зависна менлива, исход или продукт на чинители кои, како што изгледа, не зависат од оваа „реалност”, туку постојат во некоја независна „реалност”, која делува врз нас, но е вон нас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неколкуте минути на тој необичен хипнотички експеримент го продлабочија моето чувство за мистеријата на заемните врски помеѓу физичките дразби и нашето искуство за нив, за вкоренетоста на сетилноста во менталното устројство и рамка, за моќта на социјалната динамика и структура, на нашите лични врски и робувања, да влијаат врз, дури и да ги детерминираат, нашите верувања, мисли, осети, перцепции, чувства, конструкции и однесување, до граница чие определување е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Помеѓу животот и смртта, и помеѓу физичкото задоволство и физичката болка, сѐ уште постои разлика, но тоа е сѐ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дихотомијата помеѓу физичкото и духовното е толку стара и традиционална колку што е стара, нпр., католичката црква во Франција, а сепак Дишан, додека укажува на таа дихотомија, ја уништува со комплексниот однос на спротивставените елементи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)