Натаму се раскажува како Константин во Херсонес пронашол човек кој го зборувал роскиот јазик, стапил во разговор со него и прилагодувајќи се кон неговиот јазик започнал кон својот говор да применува разни букви, така што набргу читал и пишувал на роски, на што „многумина се чудеа“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ваквото чудо е можно единствено поради блискоста меѓу јазикот со кој било напишано пронајденото Евангелие и јазикот што го говорел Константин, така што не држат многу претпоставките за готскиот, сирискиот, коптскиот, а уште помалку за некој од скандинавските јазици на тоа Евангелие.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Светликавата птица ѝ го одзеде здивот поради блискоста, и таа истиот миг како маѓепсана стоеше таму, гледајќи ја птицата, што беше мала колку молец, како лета кон цвеќињата со клун што е танок колку игла.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)