Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Интересно е да напоменеме дека РМ веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на начелото на „судење во разумен рок“ гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП – пр. Нешевски vs. РМ (Жалба бр. 14438/03, Пресуда од 24.IV.2008); Ѓозев vs. РМ (Жалба бр. 14260/03, Пресуда од 19.VI.2008); Димитриева vs. РМ (Жалба бр. 16328/03, Пресуда од 6.XI.2008); Димитриевски vs. РМ (Жалба бр. 26602/02, Пресуда од 18.XII.2008) и др.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
208 Ф. И. против Фабрика за производство на апарати за домаќинство Спор за обесштетување поради повреда на работно место 1 Ad vim maiorem vel ad causus fortuitus non tenetur quis, nisi sua culpa intervenerit За случаите на ‘виша сила’ никој не треба да одговара, освен кога зад неа се крие нечија вина! (Ulpianus)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога причината за повторување на постапката се однесува исклучително на постапката пред повисокиот суд, судијата поединец, односно претседателот на советот на првостепениот суд по одржаното рочиште за расправање за предлогот за повторување на постапката ќе го достави предметот до тој повисок суд заради донесување одлука (чл. 399, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ти отчукај ја убаво на машина оваа жалба поради повреда на авторското право... Дополни ја како што умееш...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На овој начин синдикатот станува многу понезгоден за манипулација, бидејќи наместо еден лесно поткуплив синдикален лидер или тесно кршливо раководство, тој е составен од многумина самосвесни водачи. 1 3) Предолго траење на судските работни спорови Иако, според УРМ (1991), секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност и иако, законски, во постапката во споровите од работните односи, а особено при определувањето на роковите и рочиштата, судот секогаш ќе обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање (чл. 405, ЗПП) – сепак, во праксата, работните спорови траат недозволиво долго, па дури и предолго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ваквиот, барем за наши услови, нов и „наопачки“ принцип на синдикална организација ја негира поделбата на активно синдикално водство (кое преговара) и пасивно членство (кое послушно следи) – која, впрочем, е и загноената рак- рана на македонското синдикално движење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)