Ако, поради промена на работодавачот, од објективни причини се влошат правата од договорот за вработување и работникот затоа се откаже од договорот за вработување – работникот има еднакви права, како да го откажал договорот за вработување од деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
6. Инвалидност постои кога кај осигуреникот, поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност [професионална неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Извини но секој од нас на свој начин си го замислува тоа принудно заминување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Еден примерок на „ Тајмс“ кој, поради промените во политичките сојузништва, или поради погрешните предвидувања изречени од Големиот Брат, бил исправен можеби десетици пати, стоеше во архивите носејќи го својот оригинален датум, и не постоеше ниту еден друг примерок за да му се противстави.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)