Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Старецот се сеќаваше на тоа, на таа ноќ пред шест децении, кога иташе низ сините ритчиња во железната долина со полн камион машини и апарати, сиот среќен, свиркајќи возбудено.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Босанката Анѓа, која во Париз дошла од Белград, каде што работела кај една учителка како домашна помошничка и таму се омажила, дошла овде пред шест години со своето осумгодишно дете, со надеж дека ќе си создаде подобар живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)