И имаат ли смисла тие револуции кога ќе ни го обезбеди Н. И. В. Султанот националното и религиозното постоење и ќе ни гарантира рамноправност пред законот и во обласната самоуправа со Турците?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На забелешката од Манџуков дека таа одговорност ќе биде таква каква што била таа на раководителите на бугарските политички партии преземена за сите грешки и грабежи што се вршеле во името на “мајка Бугарија“ и во името на “милиот народ и татковината“, Орце одговорил: “Јас не мислам одговорност пред законите туку пред историјата, која никому не му простува и секому му го дава заслуженото“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во замена за тоа Турција ќе ги прошири правата на сите македонски народности пред законот и во административното управување и ќе го покровителствува националниот развиток на сите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)