Пред излегување, како и секој пат, малку се поткараа зошто мајка ми бавно се подготвува, а татко ми многу брзо, па облечен ја чека кај лифтот и се нервира.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тогаш нешто ме тера да го свртам погледот надесно и, пак него го гледам, облечен во костум, со кравата, со измазнета коса, ме поздравува, малку расеано, пред излегување, додека лево, зад стаклената врата, сѐ уште се метка сенката од оној што дотогаш се обидуваше да се облече!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)