пред (предл.) - казан (имн.)

Пандо се оптегнува, погледнува долу и, кога забележува како се редат пред казаните, оди во својата барака, ја зема лименката од конзерва што виси на гредата и, нишајќи се, застанува во редот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас, вашиот старешина, ќе ве будам, ќе ве постројувам пред казан, а други, кои ние тука ги викаме инструктори, ќе ве научат војнички да се постројувате, да ракувате со оружје... Тишина таму!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шарко најмногу не го поднесува политичкиот комесар. Каде и да се појави тој, во ровот, во редот пред казанот - лае по него, ‘ржи, покажува заби, на грбот му се наежува влакното, го гледа со крвјосани очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со име и презиме ги построија, преброија и потоа ги наредија пред казан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)