Ејдос, идеја
Го ставив срцето на твојот проѕирен стомак
морски стомак пред породување
го наслушнав плодот
и длабоко вдишив.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Седи Богдан со отворениот албум пред себе во градината, ги крева очите и гледа: се стемнува, а пладне уште не е поминато; времето се стишало, не мрда ни лист по дрвјата, не се движи ни птица, ни инсект; чудна некоја тишина, чудно исчекување како пред породување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)