Сончевата поплава се повлекуваше пред сенките. Расцутените бадеми на ридот се покриваа со сино-румени одблесоци на свој оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Порака?“ Таа се повлече еден чекор пред сенката на неговото чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Прости ти“, прослови наведната. „Не те падам. Ајде, помогни ми да запалиме оган за вршник.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)