Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките, да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини, дека се задржал по царска работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ама не можеше да си го покаже своето лицемерие, особено пред својот заменик Псалтир Палигоров.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не сите сликари, навистина, академски или аматерски, особено не оние што сликаат со палета бои во едниот палец, со соодветни четкички во другата рака и со исправен штафелај пред себе, како и секој инструменталист пред својот статив со отворени ноти.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И жал, и мака скри девојката; и мирно седна пред својот нежен татко стар, Не заплака, а мени боја, проѕирна и бледна, пожолтена ко килибар.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Една девојка додека чекореше во паркот кинеше страци трева, и потоа ги расфрлаше околу себе; една старица пред заспивањето замислуваше како ја корне тревата пред својот дом, и ја расфрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тука имаше луѓе кои не можеа да заспијат, и луѓе кои лежеа како во вечен сон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полната политичка слобода не чини за ништо, ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг пред својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во весникот кој објави за нелегалниот престој на Вендерс во САД за време на снимањето на „Париз-Тексас“, го пишува и ова: „Вендерс пред своите обожуватели призна дека нелегално го снимил филмот!“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Така е. Гледај - Борис Калпак им е и татко и челник.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чудел Онисифор Мечкојад, поточно не тој самиот туку како некој одамнешник да демнел од него со прашања зошто не го оставил другиот Онисифор сам да се расправа со закопот, како и пред тоа - со покојниковите претчувства и предвидувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Молкнаа. Сега и ловците, како и другите, стоеја пред своите двоколки со едно воле или со ѕевгар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дочу и едно сосема блиско 'ржење, веднаш пред својата врата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Застана нерешително на прозорецот, просто се притули тука и остана таков, допуштајќи веднаш пред својот нос колеблива полутемнина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој го рече тоа речиси избрзувајќи и пред своите мисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше пред својата капија со измешани чувства на надежта и неизвесноста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Сѐ до денес!“ Додека го гледал театарот пред своите очи и ги слушал коментарите се сетил дека со исти такви очи ме гледал некогаш и тој самиот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги отеравме у пичку матер оние кои што пред својата зграда цел живот ќе паркираат жолто југо.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе заради мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И тие бегаат колку што ги носат нозете. И уште побрзо. И пред своите нозе бегаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Билјана го претстави Александар пред својот сопруг како добар школски другар кој е дојден на балот со Бојана.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не постоеше никаква надеж дека последниот заеднички проект за (без)опасните османскотурски заемки, ниту додека беа живи ниту потоа, ќе биде од некого прифатен за печатење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Поради доставката на еден полициски кодош на УДБА, која им беше на многумина црна судба, дека универзитетскиот професор Климент Камилски дури и на предавањата пред своите студенти не го криел својот просоветизам, се најде на Голи Оток, каде што ги мина најмачните години од својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
До последните денови од животот Климент Камилски ламентираше пред своите најверни пријатели, книгите, запрени по многу патувања во неговата волшебна, митска библиотека, во која имаше и многу негови значајни списи и записи, во еден рафт и сребрената табакера подарена од Ла Пасионарија од деновите на Шпанската граѓанска војна...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Старецот бор сега лежеше мртов пред својата жртва - чекаше да биде запален . „Крвта е полеплива од смолата“ , им рече на смоларите Отец Симеон и не воздивна; не можеше да се насмее; устата му беше сува, од неа невратно испари вриењето на смеата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Гледаше пред своите чевли сѐ додека еден од оние двајца не го стисна со лакот под ребра.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Христос говори, — тежко на тија кои чинат лошо пред свои чеда.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
БОРИС: Секој си мете пред својот праг. МАТЕЈ: Ти и пред мојот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Како што турската влада ги исползувала атентатите како повод за брутално пресметнување со сѐ што било побудно во редовите на нашиот народ, така и големите сили се послужиле со динамитните акции за да ја компромитираат Револуционерната организација и да го оправдаат пред својата јавност пасивното однесување кон жестокото задушување на македонското движење и востанието и наполното застанување на страната на крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)