преку (предл.) - грчки (прид.)

Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турските називи и натаму се употребуваат за неколку алкохолни и безалкохолни пијалаци, како на пример: ракија (од арапски raki); анасонлија, вид ракија со анасон (од турски anasonlu); мастика, вид анасонка (преку грчки mastika); шира (од персиски şira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше посебно импресиониран од овие два посебни збора, всушност, синоними, коишто со издиференцирано значење се употребуваат до денешни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од безалкохолните пијалаци и денес се среќаваат турските заемки: салеп (од арапски sahleb), чај (од персиски ау), кафе, каве (од арапски kahve) и други...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)