„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Интересна е одредбата која предвидува дека трошоците на постапката – за помирувачот, односно арбитерот, ги сноси Советот, а не странките. 1) Колективен спор (чл. 16-28, ЗМРРС) – овој спор настанува во следниве три случаи: (а) по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор; (б) при остварување на правата на синдикално организирање и (в) кај реализацијата на правото на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Петнаесет години по- доцна, со измената и дополнување на ЗРО (2005) од август 2008 година, целата глава од Законот што се однесуваше на „работничката книшка“ беше изоставена (чл. 22, ЗИДЗРО/авг.08) – па оваа јавна исправа, која содржеше општи податоци за работникот, за неговата стручна подготовка, за вработувањата и др. – а којашто, во праксата, служеше 14 за докажување на факти при остварување на некои права – престана да се издава и да постои.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Стран[к]ите 12 во спорот можат да поднесат заеднички предлог или, пак, поединечен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)