Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мислам дека ја разбирам нејзината поента, но измените коишто феминистичките философ(к)и ги реализираа се чини се поништени од овој начин на карактеризирање на задачата која е при рака.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се качи горе во плевната, наполни едно кошниче со јаболка, за да има секогаш при рака, па се прибра во колибата, која сега, по темелното чистење и средување, имаше празничен изглед.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пладневните часови ги отседуваше со свенато лице, со шишето при рака, слушајќи го телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Составени се од разнороден материјал кој во дадениот момент и на даденото место бил при рака: филозофијата на јазикот, популарниот виц, психоанализата, феноменот на масовната култура, критика на идеологијата, народна пословица, пцост, воен злостор, Кант & Сидни Ламет, Лакан & Фрањо Кухариќ, Аралица & Хамлет, Бајо Паторот & Ј.Б.Тито... 12 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Му доаѓа да се „изблуе“ на културата на угнетувачите и со радост признава дека, секогаш кога ќе се спомнат западните вредности, колонијалниот поданик „ја потегнува својата мачета или барем гледа да му биде при рака“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)