18. ГОСПОД ШТО ЌЕ СПОИ, ЧОВЕК ДА НЕ РАЗЕДИНИ ПОТЕМ - но и матичарот да се јави на закопот со власта па и со параграфи да го приклешти тој, скротен, спор меѓу мажот и жената адамоевински прастар...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го прашувам Доксима Тренчески, а Дуко Вендија ми одговара: - Тој пие со власта, вели, оти власта пие без пари.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за
нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Главно било, ти, преку власта, бидејќи се видело дека ти си во врска со власта, се видело и по тоа што ти дале пари за изградба на водоводот, а богами, велат, сигурно му дале и за бунарот, ти, значи, требало да ги натераш маказарчани, со власта заедно, да ја продадат земјата и куќите, а потоа, се знае - процент“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ретки злобници потајно тврдеа дека тој бил уфрлен шпион во Козар маало, постојано соработувал со властите, а сега сите ги оставил на цедило!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко, сепак го очекуваше последниот сигнал за да замине или не од градот на истекот на реката од Езерото, кој зависеше од исходот на последната битка од борбата што ја водеше Цветан Горски со властите за судбината на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога му ја даваа, пред испуштање, личната карта, во една од канцелариите што сепак создаваше илузија на оној нормален допир со власта, досега единствено познат за него, Пискулиев се пожала: „Господин началник, мене ме тепаа за ништо!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)