Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веројатно постојаните провокации, исцрпувањето со жедта и неподносливата храна, Х.Х. требаше да ги координира во дослух со Централата и другите протагонисти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)