Како што го сторил тоа со зрната, со плодовите и со зелјата, кога ги поучил луѓето дека едните смеат да ги употребуваат за исхрана, другите не.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој расте од под земи со зрното пробива надоаѓа и пука татнејќи ми во градите на небото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Загледан во вреќата со зрна, замаен од своите фантазии, сфати дека вреќата е намалена; почна да се прашува што е со неа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од студ се смрзнуваа кокошките и паѓаа, чиниш отепани со зрна градушка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)