По цели денови Филозофот минуваше качен на карпата, на папокот на светот, препишувајќи го чудното сочинение на книга, со калем; неколкупати сонцето го удираше во главата и тој се занишуваше, и сите мислевме дека ќе падне и ќе се здроби.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во долниот дел на машината, една црвена стрелка заигра по бројките: 87 килограми... 102, 74, 95, 91 — секој човек беше измерен, заведен, а податоците со калеми се симнаа удолу.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Конечно, ја крена главата, погледна во логотетот, и откако виде дека овој, со калем на своето сочинение испишал под првото нешто малума, а под второто такете, рече: „И јас мислам како логотетот“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така рекол благоутробен, скромен и смерен отец Мида, и со калем влегол во одајата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас подготвен сум со калем и книга да влезам во одајата, но не да го толкувам, туку да го препишам словото ино и непознато.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)