со (предл.) - мраз (имн.)

Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа воопшто не го фатило. Како и да е, беше премногу доцна за враќање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го отежнуваше дишењето и создаваше чувство како белите дробови да се со мраз искитена, божиќна елка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Моите зеници се покриени со мраз. Јас сум месечар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Порано си ја замислуваше како збудалена, иста како и сите други, со глава полна со лаги и омраза и со стомак полн со мраз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Студот само те смалува и со мраз ти го врзува лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другпат сонува: фатиле големи студови; дрво и камен пука; да плукнеш, плунката ќе ти остане замрната на устата; силен ветер крева бранови од езерото и ја опсипува куќата, но брановите како што удираат на куќата, така се замрзнуваат; куќата се обложува од сите страни со мраз што свети како стакло и таа заличува како куќа од сказните; но кога почнува да ѝ студи во одајата, таа стрчнува да оди во тремот да земе дрва, но вратата е прекриена со мраз; кај има излез, кај има излез, господе, си вели и се тресе од студ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влегва нимнио комесар, цел замрзнат и покриен со мраз и му вели на тие шо седее околу огно: - Аре, не пулите ка ви се смее подбивно тие од зидо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)