МАРА: (се присетува). Се зафативме со муабети не си ја допивме ракијава. (Им турува на мажите).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Како да сакаше набрзина да се потсети каде некогаш застанале со муабетите, па почна со истите зборови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, до кај бевме со муабетот, чорбаџи Јован? — праша Адем наместувајќи ја запалената цигара на долгиот чибук со скапоцен килибар на крајот, којшто Катето веднаш го донесе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)