Зошто се занимаваш со ЛОШИТЕ аспекти во нашето општество? Занимавај се со нешто УБАВО.”
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Можеле да наредат да бидете камшикувани со нешто што се нарекувало „мачка со девет опашки“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со нешто што наликуваше на едно единствено движење, таа ја тргна облеката од себе и ја отфрли презриво настрана.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Посебниот притисок што таа го вршела врз човечките суштества помеѓу Неолитот и почетокот на дваесеттиот век исчезна и е заменет со нешто сосем различно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и задниот дел од главата му беше стегнат со нешто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го среди и исчисти секој предмет од куќата давајќи му нов сјај и живот, сврзувајќи се со него како со нешто живо и спасувајќи го од зафрленоста, заборавеноста и исчезнувањето: Масата. Столчињата. Печката. Креветот. Ковчегот. Ламбата. Часовникот. Водарникот. Ѓумот. Тепсијата. Леѓенот. Огледалото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сѐ со убава помисла и сѐ некој те возбудил со нешто: - но, каде си? - како си? - што си?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Веројатно. Монографија од четиресеттина странички, мора со нешто да се наполни.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А може и новиот кадија да поможи со нешто”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не знаеше како да ѝ помогне. Заради тоа измислуваше било какви работи за разговор. За неа или за детето. Само колку да ја ангажира со нешто.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тогаш бев сам и сепак не чувствував осаменичка возвишеност на волк.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лежев на танко веленце и умирав покриен со нешто. Сепак се тресев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вратата се отвора и Мишко влегува со канта со нафта.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Господине, збогум. Жалам ако со нешто ве навредив.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
„Зафатен си, па нејќев да те оптоварувам со нешто што ќе се случува дури на крајот на мај“, рече мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Не знам... На планина, - велам обидувајќи се да ја споредам планината со нешто.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)