Поздравувајќи се со отецот, директорката и одделенските раководители му се заблагодарија и се извинија за вревата - Деца си се деца! - а тој воздржано се насмевнуваше со крената десна рака - небаре благословуваа: „Да сте ми здрави и живи! Пак да ми дојдете!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)