Знаеше, под мовот на гаменовата веселост лежеше лутица, змија до опашка полна со отров.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во последните две страници од спомените на Никола Поцо што ги прочитав најпосле, тој кажува, некако со отров, дека Кочовите му го убиле посвојчето Григура“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вистинската уметност изникнува,тоа одамна се знае, со прецизноста на секој потег, за која, а тоа ми стануваше сè појасно, немам доволно време (подвлечено три пати!) - пријателите, дури и кога сум најжестоко убеден во тоа што им го кажувам, сè помалку ме слушаат, па имам впечаток дека им зборувам на глуви и дека е крајно време да почнам да ги запишувам речениците за да не се трошат залудно, но и покрај тоа, и натаму постојано дрдорам или си дрдорам, а речиси ништо не запишувам - во разговор со Мики, еден од тие оглувени пријатели од детството, не можев да се сетам како се викаше оној јужен ветар од Водно што им ги креваше фустаните на жените.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Што сѐ не направивме. Ги стававме јамболлиите во врела вода, ги прскавме со отров.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Овдека има глувчарник, си велиме и редиме сланина со отров.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Туѓинецот ќе ја искористи
широкоградоста на небото
ќе влезе низ подземни порти
и со отров ќе нѐ попрска
Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ништо да не ѓибате, оти Германците растуриле пари, насолени со отров, вели, и некои сатови што ќе ти пукнат в раце, и некои писалки, пиштолчиња и билии и секакви играчки што можат да те усмртат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)