Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Истовремено со преобразбите на телото, и самата психичка сексуалност се трансформира, персонализира и еротизира. 50
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)