со (предл.) - трици (имн.)

- Неранимајковец, рече; точно така, - немаш скршен марјаш в џеб, а ваму сакаш да се жениш. Со што ќе ја раниш Ганка? Со трици?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Навечер ќе ти дадат едно лепче, сето со трици, со осилки и суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)