Внимателно, за да се дојде до саканото, сe подгазува постигнатото, повторно за злото, за валканото, фрла сè под нозе, гази сè пред себе, макијавелистички без простор и без време. Се отфрла со труд постигнатото, повторно и повторно и повторно за богот валкан, гнасен, на златото.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нашата партија одлучи, а вие први ја дознавате во светот оваа вест, да се објават избраните дела на товариш Сталин на четиринаесет јазици, се разбира со наши средства, со трудот на нашата работничка класа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И кога внимаваш да не го повредиш законот на Хирам, градителот на храмот Соломонов, дека може да се добие само она што се заслужило со знаење и со труд.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само со труд и со чесност заработена пара е алал пара, а не арам, мој Бошко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Би можел пијалокот и со труд да го плати, но за тоа, презафатен, не смогнува да се сети...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Мртовчето седна во центарот на кругот; отсекаде гледаа пријатели. Одеднаш запеа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Устата му се чепотеше до ушите, откривајќи ги нималку детските челусти; и беше чудно што лешот има толку подвижна, жизнерадосна уста; клемпавите уши му се зацрвенија од приливот на претходно исцицаната крв; лиценцето го беше подигнал угоре, кон Бога; неживите очиња ги затвори и пееше внимателно, со труд, дури мртвите жили на вратот му отекоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Не изгубиле ништо што го спечалиле со труд! - си рече Малчо, чувствувајќи се наеднаш необично среќен.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)