Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На раздрумот - цевки со штикови што блескаат под првите зраци на сонцето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Над мене стојат бугарски војници со штиковите на пушки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го соблеков шинелот, со штикот го исеков на парчиња, во купче ги ставив под моторот, ги полеав со бензин и ги запалив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)