Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тоа јулско пладне, го теглеа сувите коњи од Погребалното ковчегот во кој лежеше Сане Сандин, со мукавни чевли на нозете, со извеан минтан на грбот, со износена капа на главата, со блажен спокој на лицето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)