Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со искусните корисници на дрога се случува друго, бидејќи тие најчесто не работат за време на директното делување на дрогата, туку создаваат, односно ги транспонираат своите психоделични перцепции во уметнички форми дури по некое време, откако ќе дојде до опоравување на когнитивните и моторни функции.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)