со (предл.) - културен (прид.)

За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките кај понекултурните народи од допир со покултурни народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа крстување на нашите предедовци стана уште кога тие одвај влегоа во однос со покултурните романски народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Играта со културните нивоа на предметите по пат на амблеми, го допира и раширеното толкување на фетишите и општата космичка предметна заситеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Просторот меѓу небото и земјата е исполнет со метафизички копнеж, заситен со отпечатоците на минатото и со културната традиција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како бебе се покажа крупно, добродушно и сакаше да заспива со музика.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Несомнена е авторовата потреба за патување (во смисла на животен еликсир), неговиот копнеж по дијалог со светот, со другиот (М.Бахтин), соочувањето со културната Другост, притоа, како по правило, повторно ја имплицира временската димензија, овој пат на културно- политичко рамниште.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа го уби со културен шок.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)