Беше загрижена за мојата иднина, за иднината на моето семејство, за можноста да постои хармонична мултиетничка Македонија, како иден дел на Европската унија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татковите книги сѐ уште ги содржат неговите соништа поврзани со мајкините. Мојата потрага продолжува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)