На оваа област ѝ се давало предност, а не на Приштина, бидејќи, според британските сознанија: а) “Областа меѓу Тетово, Прилеп, Дебар и Битола е предоминантно српска и населението е пријателски настроено. б) Од Пореч групата можела да се спушти“во долината на реката Вардар под заштита на пријатели“, спуштањето на територијата на Приштина било различно поради тоа што членовите на мисијата ќе морале да патуваат “приближно околу 180 км преку непријателска територија со несигурно население“ в) Се сметало дека Порече би бил “подобра база за операции против рудникот Алатини“. 57
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Пискулиев подголтна и се јави со несигурен глас:
- Добар ден.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Потсетуваше на неприготвен ученик. Се нишаше и со несигурен глас говореше брзајќи да ја скрати непријатната ситуација.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со мене низ просторијата шетаат и зборовите на неуморниот иследник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност со несигурни чекори се движам низ просторијата во која владее насилничкото расонување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Толку се труди кутриот, што јас всушност можам и да го прочитам неговото тврдење иако сѐ уште не е изречено.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Благодарам, - тивко рече таа и се упати кон катедрата со несигурни чекори.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Исплашен, со несигурен чекор го пречекорив прагот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Стариот Теки Руси, префект во Прмет, со несигурна власт во Лесковик, тогаш гледал само како да се спаси главата, а не како да се спаси душата на ќерката Ервехе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)