Со никаква наредба не можеа срцата да ни ги разделат, очите да ни ги заградат да не се намигаат, мислите да не разговараат, срцето да не го слуша гласот на Големата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа тажна вистина најгрубо и ја кажал еден познат лекар, велејќи и дека е непотребно сето тоа лекување, бидејќи нејзиниот недостаток, поради кој не може да има деца е уште од нејзиното раѓање и не може да се отстрани со никакви лекарства.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Прифати да игра, но тешко можеше да се внесе во духот и ритамот на старите играчи за кои покерот не значеше заработувачка пари, туку нешто друго што не можеше да се купи со никакви пари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Само далеку некаде имаше една слободна, една голема вода што не можеше да се загради со никаков ѕид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со никаков документарен доказ сега не можеше да се потврди дека некогаш се водела војна со Евразија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не можев да ја разубедам со никакви мои големи успеси!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)