Во занес се изгубила, во своите очи зелени, со пустинска вода измиени, во образите небелени, во веѓите извиени.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Нешто како глас во каша од врескави слогови, со салата од сува трева, посолена со пустински песок.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во сказнава нема луѓе и тие да се восхитуваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да бидеме номади со пустински шатори и цигански черги, со насмевка на усните, сјај во очите и милост во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)