Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Минаа години и јас заборавив на ќесето со разнобојните камчиња, на сувата корен- рака, на иконката, на школките, на големата школка низ која патував низ морето. По далгите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Низ центарот на градот имаше поставено повеќе огромни тотеми ишарани со разнобојни бои од времето на домородците.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Додо, јас и неколцина востаници – тоа бевме нели? – влеговме од одајата во друга одаја, помала, и без двоумење уништивме неколку табли со разнобојни копчиња, преку кои, најверојатно, човечецот во антерија од чоја управувал со механизмот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И подоцна – куќата што воздивнува, луѓето од Шумшул- град и џуџестиот Жеро Жерав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Зелената басмена кошула ишарана со разнобојни јави му беше секогаш извадена над панталоните одамна износена и закрпена на колениците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)