6. А кога се вратив назад од Дамаск, узнав за нови несреќи: дента кога сум заминал, логотетот, со царски указ, со печат царски му го сменил името на Стефана, и тој веќе не беше Писмородец, туку Лествичник!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Па, сепак, во тоа што Јанечските го кажуваа за Бошета и за ајдутинот само донекаде можеше да се верува, само дотолку што навистина Боше нивни беше заминат од Потковицата, што навистина, себап со неговото заминување, Тахир бег Јаузоски се стори со царски коњ, и што навистина едно чупале, дотогаш ни видено ниту чуено, преку ноќ се најде и остана да живее кај Јанчевци и во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)