со (предл.) - цел (прид.)

Акционистите беа следени со цели редици уметници што ги загрозуваа сопствените тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во последниот перформанс, Zereissprobe од 1970, тој симболички и стварно реализира одреден степен на автосекција, односно она што Хуберт Клоцкер соодветно го нарекол ‘психо- археолошки егзистенцијализам’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Велам, влегов во дуќанот, луѓето кои седнати, кои простум околу пултот за наплата, држат пиво со цела дланка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со целото свое држење јас сакав да ѝ покажам на младата наставничка дека има и добри деца на овој свет и дека затоа не треба да се отчајува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше една книга од Роналд Сирли наречена „Женскиот приод”, со цели серии на стрипови за Убавиците на Св. Тринианс, женско училиште полно со деликвенти кои меѓусебно ќе се избодат со ножици.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уште малку ќе бев вратен од Ќустендил назад со целата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој го мразеше Адема со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што нѐ лачкаат нас христијаните, што нѐ тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в'пата што ги печалиме ние".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пере и Петре му ја изложија нему каква е положбата внатре, и Ѓорче ја удри главата в земи, a по малку продолжи: — Излез, другари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обземен од страсниот творечки порив, растреперен до крајни граници, сликарот длабоко ја почувствува душата на овој крај и со целото свое суштество копнееше да го оживи на платното... Но како?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби ниедно живинче не ја преживеало оваа стравотна ноќ?“ - размислуваше момченцето, кревајќи се на мускулите од рацете, така што со устата ја бакнуваше напати студената, исчадена греда, па бавно се спушташе, нишкајќи се притоа со целото тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Патуваше крај реката Полжавот. Сигурно одеше на далечен пат штом со себе си ја носеше куќичката со целата покуќнина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Дедо Васја се фати со рацете за жешките гради и повика со цела сила, како животно, паѓајќи долу, врз купот од ладни тела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наведнатиот плукна и го подигна црниот нагант. Екна истрел.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но видовме оти онде имаме работа не со едно, ами со цели 4 имиња, коишто означуваат дека до пред неколку години немало точно определено народно самосознание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тогаш, по еден истрел, на момчето како да му здодеало со напнат грб да го исправа од невозможната положба човекот со крвави гради.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
БАБА АНЧА: (оди по него). Не се лути, сакав да те запознаат со целата работа како стои. (Оди накај вратата од дворот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арно ама, нарачката треба да се сними комплетно, од почеток до крај, заедно со целото оро, кое ороводачот, личниот шофер, го „танцаше“ и го виеше на широко околу цела сала и, бидејќи три - четирипати некој друг си зафаќаше мало кратко оро, музиката престануваше и, заедно со текстуалната порака читана на глас на микрофон, повторно се снимаше од почеток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со цело лице ме гледаат в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
При тоа труби, со познатиот звук на блех-оркестрите: „Единство”, „Слога”, бидејќи „Сите сме исти”; и ефикасно натурајќи само едно мерило владее со целиот регион на словенското суштество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Винстон го гледаше право в очи. Чувството на соголеност, со рацете кренати над главата и со целото тело изложено, беше речиси неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се гледаа сите канцеларии со целиот инвентар во нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со целиот израз тогаш Марија сакаше на Елена да ѝ каже - ете, баш мене, „грдото пајче“, ме засака овој добар млад човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се врати со целата своја свита меѓу која беше и неговиот Велик везир Србинот Мехмед-паша Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еден ден старецот ја побара Пелагија, се имаше напикано речиси со целата глава во решетката и зборуваше За Пелагија ништо не ми кажувате!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И Митра пак почна да се вртка околу Доста со целото нејзино притворство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вози, вели со цела брзина и немој да го жалиш џипот и бензинот. Народната власт е затоа, за да дава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Останаа, другарите да го чуваат патот и да ги бројат камионите товарени со наши оздравеници... 24 ПО ЗАМИНУВАЊЕТО на Нумо, Пандо тукуречи остана сосем сам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Профим сето време мавташе со рацете, со целото тело и ја прекинуваше Царјанка викајќи: „Доста! Доста!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е етернален моментум во целокупната екумена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Веќе владееме со целиот простор од источната страна на езерото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тој, наизменично, удираше со цел замав, влечејќи ја кон себе прачката и крвнички загледан во моето лице, чекаше да залиптам, да заплачам, да лелекам, да врескам, да молам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи сѐ до утринските часови на 21 август.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И само што првите двајца стапнаа врз мостот, штицата попушти, плесна силно во водата и тие се спружија во реката со целата својата должина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беше од него повисок со цела глава.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама што ќе правиш, тој сега стопан, јас, како што знаеше, со цела фамилија момок кај него. - И пандур, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Смогот легнат до земјата со целата своја густина беше напластен се до училиштето „Кочо Рацин“ над коешто се наоѓаше неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знам дека ми прости и дека денеска клечиш пред мене од благодарност што си имаш едно прекрасно суштество, плод на еден срам, ама го сакаш и ќе го сакаш со целата своја љубов, оти е дел и од тебе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со целата душа и целото срце ја почувствував радоста на мајка Роса, ама во исто време годините што останаа зад мене ме наполнија со болка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми е страв со цела нога да згазам на килимите, да не знам како да се опулам во мебелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука беше и Захаријадис со целото Политбиро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патуваше крај реката Полжавот. Сигурно одеше на далечен пат штом со себе си ја носеше куќичката со целата покуќнина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Моето летовање веќе беше договорено, ќе одам со „Студиото Пинокио”, со цела група деца, во Охрид и во Крушево, а брат ми сѐ уште не беше сигурен дали ќе му се оствари животниот сон да оди во Лондон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И за него беше договорено, ќе биде на гости кај едни пијатели на татко ми и, истовремено, цел месец во Лондон ќе оди во англиско летно училиште, но не беше сигурно дали ќе успее да добие виза.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)