Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено – во јануари 2008 – истата судијка, следејќи ги напатствијата и насоките на повисокиот суд, само делумно го усвојува тужбеното барање, при што „Кјуби“ беше задолжен да му исплати само K-15, а не и разлика на име испратнина – со мошне чудно и сомнително образложение дека ова право нема третман на „парично побарување“ (!?), па како такво прво морало да биде барано пред работодавачот, па дури потоа да се бара по пат на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход – пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А неколку прегради понатаму, една мека, безопасна, заспана креатура по име Емплфорт, со мошне влакнести уши и со изненадувачки талент да си игра со рими и со стихови, произведуваше искривени верзии - или дефинитивни текстови, како што ги нарекуваа - песните кои беа идеолошки опасни, но кои од една или од друга причина, требаше да бидат задржани во антологиите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)