Пак се наготвија мазници, кокошки, алви кај Велика Спасевска; пак се изнапија сите топла ракија, служена од убава млада невеста; пак ги протепа бешивци и полчивци и ги пушти да си одат дома и да печалат, кога ќе дојде на есен да платат, ако не сакаат да ги продаде сосе деца.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)