сосе (предл.) - книжарница (имн.)

Поддржуваше голема комерцијална инфраструктура, во која спаѓаа не само баровите, бањите и другите својствени сексуални институции туку и локален, месно заснован печат и други облици на комуникација,441 сосе книжарници и кафетерии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како прво, геј-ослободувањето во 1960-тите предизвика бран на геј-миграција кој до 1970-тите од сите краишта на земјата имаше донесено стотици илјади геј-мажи во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго, Бостон, Хјустон, Мајами и во пет-шест други големи градови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, таа создаде геј-заедници ослободени од надзорот на стрејт-светот, каде што можеше да дојде до нови видови колективно промислување, кревање свест, културна полетност и себеустројување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа создаде двигателска подлога за политичко геј-движење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поточно, од релативната изолираност на гратчињата или од селските подрачја, геј-мажите се селеа во одредени градски подрачја, во таканаречените геј-гета што се обликуваа во главните велеградски центри. ‌Концентрацијата на многубројните геј-луѓе во одредени урбани маала имаше решавачки политички, стопански и културни последици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)