Да се биде геј, според второво гледиште, е да се има сексуалност, сексуална ориентација; тоа не е да се има посебна култура и посебна психологија и посебна социјална практика и посебен внатрешен живот или што било што се разликува од нормата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според второто стојалиште, што го застапува и Соломон Маркус, се укажува на функцијата според која „звуците во поезијата и преку неа стапуваат во директна врска со човечките доживувања после симптоматските и симболичките коренсподенции помеѓу фонетските појави и вонјазички појави.“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Според вториот, ако направиме подетална анализа на ефективноста на барањата за заштита на слободите и правата согласно чл. 113 ал. 3 од Уставот, ќе дојдеме до заклучок дека Уставниот од формирањето во 1991 година па се до денес има утврдено само една повреда на правата на граѓаните (Одлука У.бр. 84/2009 од 10.II.2010 година), што секако е загрижувачки податок ако се има во предвид новата проширена надлежност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)