Тој поучува за "една нова накитеност, кадешто се постапува според аритметиката ABC, и според неа се пресметува рамковната изрека или збор".
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се трудам да го слушнам гласот на интуицијата, зошто кога се раководам според неа, секогаш го правам вистинскиот чекор.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Според неа Бугарија го добила с. Пештани јужно од Охрид, а по капитулацијата на Италија (септември 1943) им е даден и манастирот Св.Наум и околу дваесетина села од преспанскиот регион до грчко албанската граница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
ОРУЖЕНАТА БОРБА ВО МАКЕДОНИЈА (1941-1944)
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тамошните афекти не му се особени на поединецот: тие се колективни и генерички.
На пример, исказот дека „прекумерната сентименталност што била задолжителната состојба на чувствата не дозволувала никаков вистински објект“ не упатува на некоја типична или особена или својствена идентификациска одлика на машкиот геј-субјективитет сам по себе, туку на особените ефекти што врз душевниот живот на машкиот геј-субјект од времето на Студената војна ги имала неговата задолжителна припадност кон општество кое и најмалата можност за истополова желба или за родово дисидентство ја правело незамислива и непоимлива, а да не зборуваме за можноста да се постапува според неа или да се претвори во истакнат, јавен дел од секојдневното живеење.
Слично така, бидејќи бродвејскиот мјузикл цутел во историски миг кога не можело да се дозволи ништо што било карактеристично геј да стапне во доменот на масовното јавно претставување и бидејќи геј-мажите што го создале можеле да го сторат тоа само ако снаодливо систематски и апсолутно го исклучат сопствениот сексуален идентитет од видокругот во него, протогеј-одговорот на конкретното гејство на бродвејскиот мјузикл нужно подразбирал свест дека машкиот геј-идентитет е систематски и апсолутно исклучен од секаква отворена препознатливост во самиот мјузикл.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во 1966 година според неа се сними сјаен црно-бел филм во режија на Мајк Николс, со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во главните улоги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од таму, според неа, и овие буричкања во нејзината утроба.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Според неа арно прави Пелагија што се здушила со Господ, ама не чини што не може во *ана да го напика Господ или исушениот Исус Христос онака закован на големиот дрвен крст, а и во малечкиов суртук со голата лејка што не се прибира со мракови!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Според неа – работодавецот беше должен, во случај работникот да одбие да работи поради немање доволно безбедни услови, веднаш да преземе мерки за отстранување на непосредната опасност за животот и здравјето на работникот (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„Да појдеме зад зградата, фрла сенка, ќе се повлекуваме според неа.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Остана верен на обичајот, кога го плени нова идеја според неа да го смени и распоредот на книги во библиотеката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Според неа, она што таа го нарекува соголена душа е сенката која талка помеѓу двата брега на егзистенцијата, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа, по сево ова е убедена во фактот дека менаџерите, вработени во претпријатието, сакале – во тоа време – да ја искористат приватизацијата на тој начин што ќе го разработат претпријатието, ама на вработените нема да им даваат плата!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според неа, работникот мора да биде синдикално образован – што значи дека, преку соодветно синдикалното образование, тој многу полесно и поефикасно ќе се запознае со 157 своите права утврдени во законите и во колективните договори и истите полесно ќе може да ги оствари.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4 На самиот крај, таа додава дека – според неа – процесот на приватизација нечесно се одвивал, а притоа многу голем притисок се вршел врз работниците во смисла на ментален, психички и физички терет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа е она што е толку богохулно големо во оваа ноќ... тоа е крајот на Гравитацијата на старите и Доба што според неа ќе ја нарекуваме, отсега и засекогаш.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)