според (предл.) - некаков (зам.)

Да ги оствариме соништата, да ја најдеме среќата, да станеме најдобра верзија на нас самите и лица што од секогаш сме сакале да бидеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Доцна сфатив дека срамот е нишката што нѐ поврзува сите и знакот според кој се разликуваме едни од други. Според некаков морал.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во секој случај, движењето веќе не се сфаќа според некаква аксиоматика на стварното, како што тоа би сакал наивниот натурализам на футуристите, туку според една аксиоматика на можното каде што објектот и формата стануваат функции на просторот и набљудувачите, и каде што сѐ се менува во зависност од точката на гледање на „набљудувачот што прави слика” и во зависност од оптичкиот апарат што го користи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Беше тоа доста време, дотогаш сигурно ќе може да ја сврши и работата, за која беше дојден, а за дванаесет до петнаесет дена времето сигурно ќе разјужи и тој според некаква направа во себе речиси со сигурност го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да беше, на пример, заправо точно дека Афроамериканците себеси, главно, меѓу себе се определуваат според некакво свое сфаќање дека да се биде Црнец подразбира својствена, необична или изразена наклонетост кон пржено пиле, ребра и лубеница (да се послужам со примерот на Џон), мене, всушност, не би ми било страв да ги испитам културните значења што можеби ги има селективното присвојување на таа храна.88
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Патрик Крисман својата преведувачка активност ја започнуваше, како според некаков однапред подготвен ритуал, на полноќ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И се случи, небаре според некаков праведен ред на судбината, Патрик Крисман да биде именуван во 1996 г. за амбасадор на Франција во Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како според некаков сигнал сите заѕвонија! Како да закрескаа некакви грди птици!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)