Татковото останување во Цариград не се оствари според соништата на неговата мајка Хазбија, прва братучеда на Али Фети Беј Окјар, соученик на Мустафа Кемал Ататурк во турската Воена гимназија Идадије во Битола, негов пријател и еден од главните соучесници во создавањето на нова Турција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеби јас сум еден од оние
кои сликаат според соништата
кои одбиваат да ловат, значи да убиваат
со полуотворената уста на стрелата
за да ја наполнат својата
и на своите жени
плодови саможитни што берат
и за нас се молат
да има улов повеќе одошто ни треба
(жените кои мислат поинаку
ги праќаат своите души
на срните да им бидат штитник
на стрелите урок)
за пречек ни принесуваат
богат огрев
богот на гревот ни го ложат пред спиење
за да заборавиме на писокот на жртвите
поостер од остриците во нив набиени
за да гинеме од ноќ во ноќ
непоштедени од грозата на лажната смрт
заблазувајќи им на оние кои писнале
еднаш засекогаш!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„TYHE I AUTOMATON” Принципот што тука се наѕира е наполеоновски: „своите планови ги правам според соништата на моите заспани војници”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)