Конечно, лесните дроги според сите оние кои имаат искуство со нив, а и според многу научници неоптоварени од лажниот морал на пуританизмот, ќе ви потврдат дека хашишот и марихуаната се далеку побезопасни, понетоксични и, што е многу важно, понеагресивни наркотици од алкохолот, кој е легален. Каков парадокс.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Според многу теоретичари, 11 септември ефективно ги потисна (уништи?) сите надежи за свет без граници и „до темел ги промени глобалните режими на мобилност и начинот на кој државите ги обезбедуваа своите граници“.61
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)