Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, сѐ се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од мене друг нема да признавате од денеска натаму — ги повторуваше Толе во секое село овие зборови и бараше да го почитуваат и се однесуваат спрема него како спрема вистински владетел.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)