Машката геј-култура има создадено толку многу „комични претстави на сидата“, всушност, што канадскиот критичар Скот Алан Рејтер успеа на темава да ѝ посвети цел том.168
Австралискиот геј-активист Дејвид Мекдијармид, кој во 1995 година умре од компликации од ХИВ/сида и чие подоцнежно творештво се стремеше да промовира прифаќање на сексуалноста на ХИВ-позитивните геј-мажи во ера проткајана со тревожност и со очај, може да послужи како уште еден пример на оваа машка геј-културна навика на исмевање на ситуациите што се страшни и трагични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)