5. Извештаите од Арслана и Сефедина не го изненадија прилепскиот кајмакам и бимбашијата, бидејќи тие беа однапред известени за востанието и дури им се израдуваа на овие извештаи кога прочитаа како лесно бил одбиен нападот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мудурот и јузбашијата го испратија Трајковиот одговор до прилепскиот кајмакам и ги ставија на нозе сите свои оружани сили, главно да се заштити власта — мудурот и казармата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Претполагаа дека востаниците дење нема да нападнат, но сепак беа во припремна состојба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)